Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес ги објави некои од поважните детали кои низ бројки ги прикажуваат стратешките приоритети на Владата за наредната година, а кои се предвидени во буџетот за 2023 година.
„Предлог буџетот за 2023 година е објективна проекција заснована на три принципи: сигурност, стабилност и економски раст, тој е одраз на барањата на граѓаните за поквалитетен живот и за капитални инвестиции, на потребата за поддршка на оние кои се најпогодени од глобалната економска и енергетска криза, како и за стратешката цел за интеграција во Европската Унија“, истакна Груби.