Груби оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Шведска, Ами Ларсон Џаин

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со новата амбасадорка на Кралството Шведска во земјава, г-ѓа. Ами Ларсон Џеин, на која и посака успешна дипломатска мисија во нашата земја.

Груби и Ларсон Џеин разговараа за добрите билатерални односи меѓу двете земји, за важните одлуки што ги има преземено Северна Македонија за изградба на здравите темели на едно демократско општество засновано на вредностите на еднаквост и консензуална демократија, како и за реализација на целта на интеграција во евроатлантските структури преку Охридскиот договор, Преспанскиот договор и Договорот за добрососедство.

Првиот заменик претседател на Владата, Груби ја информираше амбасадорката Ларсон Џеин за напредокот што земјата го постигна на патот кон Европската Унија со отворањето на преговорите за интеграција, изразувајќи благодарност за континуираната поддршка на Шведска во овој исклучително важен процес за прогресивната иднина на земјата.

На средбата беше изразено и големото значење за унапредување на интегративниот процес, при што Груби ја информираше шведската амбасадорка за посветеноста на прозападната Влада на земјата за усвојувањето на уставните измени, за интензивните подготовки што се прават за скрининг процесот што ќе започне на 7 Ноември годинава и максималната посветеност во процесите на владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Амбасадорката Ларсон Џеин изрази благодарност за големата поддршка што нашата земја ја дава на интеграцијата на Шведска во НАТО и целосната поддршка на нејзината земја во сите неопходни процеси на развој и интеграција на Северна Македонија во Европската унија.

ПОСЛЕДНИ

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда…На почетокот на сезоната 2005/06, кога црвено-белите започнаа целосна реконструкција со нов претседател...

15-годишно девојче силувано во Делчево

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Г.В.(38) од Делчево. Тој се сомничи дека силувал малолетничка.Во координација со Јавен...

Полицијата го расчисти случајот во Карбинци, нема елементи на кривично дело

СВР Штип во содејство со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал при Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје...

Маричиќ: Уставните измени се единствен услов за продолжување на нашиот пат кон ЕУ

Со успешното завршување на скрининг процесот, до крајот на месецов до ЕУ ќе треба да ги доставиме клучните документи за отворање на преговорите по...