Груби оствари средба со казахстанскиот министер Куантуров: Соработката меѓу двете земји продолжува во сите области

Скопје, 3 ноември – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со г-дин Алибек Куантуров, министер за национална економија на Република Казахстан.

Односите меѓу двете земји, соработката во областа на економијата и енергетиката, како и предизвиците со кои се соочува европскиот континент, беа дел од разговорот на средбата меѓу Груби и Куантуров.

Република Северна Македонија и Република Казахстан веќе го потврдија својот интерес за развивање на политички дијалог, градење на трговска, економско-енергетска и културна соработка во духот на меѓусебното разбирање, беше истакнато меѓу другото на оваа средба.

      

Деновиве во Скопје се одржува првиот состанок на заедничката Меѓувладина комисија за трговско-економска соработка, овој состанок ќе придонесе за зголемување на проширувањето и различноста на структурата на комерцијалната размена меѓу двете земји.

Министерот Куантуров истакна дека Казахстан ги поддржува приоритетите на нашата земја за претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, истакнувајќи го значајниот напредок на патот на интеграцијата кон ЕУ и успешното спроведување на реформите, како и скрининг-процесот.

Двете земји ќе продолжат да ја обновуваат соработката во сите об ласти како и заедничкиот пристап кон одредени меѓународни прашања во согласност со приоритетите и заложбите на секоја страна за поддршка на иницијативите во рамките на меѓународните организации.

Груби, ја поздрави одлуката на Република Казахстан да отвори амбасада во Република Северна Македонија во 2023 година, што ќе даде дополнителен импулс на односите меѓу двете земји.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...