Груби оствари средба со албанскиот амбасадор, Река: Заедничка владина седница на 14 ноември

Скопје, 18 октомври – Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денеска оствари средба со амбасадорот на Република Албанија, г-дин Фатос Река.

Груби и Река на средбата разговараа за координација на деталите од заедничката средба со Владата на Република Албанија која ќе се одржи на 14 ноември во Скопје и на која се очекува да бидат потпишани важни договори, како држави целосно посветени на раст на соработката и продлабочување на односите во повеќе области, вклучително и економската, што истовремено ја зголемува конкурентноста на компаниите во земјите од регионот.

Капиталните проекти меѓу двете земји беа дел од разговорот на средбата со амбасадорот Река, додека Коридорот 8 и железничката линија како два значајни проекти кои ќе ги поврзат не само Република Северна Македонија и Република Албанија, туку и земјите на регионот беа именувани како поволни иницијативи во време кога земјите се на пат кон членство во Европската Унија.

Имплементацијата на проектот „One stop shop“, со кој се очекува да се скрати времето на царинските и граничните контроли, беa дел од разговорот меѓу Груби и амбасадорот, Река. Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставни процедури на граничниот премин води кон забрзување и поедноставување на циркулацијата на граничните премини и оваа иницијатива треба да се стави во функција што е можно поскоро.

Груби понатаму ја изрази својата поддршка за иницијативата на премиерот, Рама во Парламентарното собрание на Советот на Европа за ревизија на Резолуцијата 1782 за прогласување на неосновани обвинувањата за трговија со човечки органи во војната во Косово, како силна порака до Европа за волјата на непоколебливо прозападно партнерство и неуморниот сон за интеграција, но и сосема легитимните барања и националните права за Косово и неговата праведна војна.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...