Првиот Потпретседател на Владата и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по повод 21-та годишнина од потпишувањето на Охридскиот мировен договор, денес упати честитки до сите граѓани на земјата, потсетувајќи на временските констелации кои доведоа до потпишувањето на овој правен акт и важноста од неговото спроведување за перспективата на демократскиот развој на земјата.

Груби го опиша Охридскиот договор како камен-темелник на сите демократски достигнувања на земјата и зачетник на поглавјето на европското патување на земјата, истакнувајќи дека никој не изгубил ништо од воспоставената рамноправност, туку сите народи имаат корист во секој аспект на општествената благосостојба.

Почитувани граѓани,

Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја.

Денес сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија.

Накратко, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.

На овој голем ден за историјата на земјата, доволно е да размислиме за реалноста за да го разбереме големото влијание на овој документ што не ни дозволи да потонеме во бездната.

Никој не изгуби од еднаквоста, напротив, подобро ги запознавме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската унија со започнување на преговарачкиот процес.

Нека бидат вечна инспирација годишнините од Охридскиот договор! Честитки за сите!