Собранието денеска ја изгласа гаранцијата за задолжување за изградба на патниот крак од граничниот премин Блаце до клучката Стенковец во Скопје.
За првата под-крак од 2 км која е во изградба, средствата се обезбедени од Буџетот на НПРРШ додека вториот под-крак од 10,5 км ќе биде финансирана од ЕБОР, која е во фаза на проектирање, со обезбеден грант од инструментите на ЕУ и WBIF.
Проектот што ќе го реализира ЈПДП ќе се финансира со следните средства:
167,6 милиони евра од ЕБОР,
20,82 милиони евра Инвестициски грант од WBIF
Грант за техничка помош од WBIF од 5,68 милиони евра (техничка поддршка за имплементација и надзор на проектот).
Воедно, многу ме радува што се наближува времето на поставување на камен-темелникот на Коридорот 8 и со ова го остваруваме сонот и ветувањето дадено за реализација на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата.