Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби ги демантираше гласините во врска со наводна реконструкција на Владата или евентуална промена на ешалоните меѓу коалициските партнери.

Првиот потпретседател на Владата во последното појавување пред медиумите рече дека за ваква тема воопшто не е разговарано во Владата.

„Во СДСМ и ДУИ, како и Алтернатива, нема иницијатива за реконструкција или промени во владиниот кабинет. Што се однесува до другите помали партнери, верувам дека треба да им се обратите бидејќи немам секојдневен контакт. Но, таква дебата не е отворена ниту меѓу политичките партии, ниту во Владата“, изјави Груби.