Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги објави новите одлуки од 93-та седница на Владата.
„Ги задолживме органите на државната управа кои немаат статус на орган на државна управа во систематизацијата да предвидаат соодветен број на работни места за преведувачи, согласно потребите на работата на институцијата.
Донесовме Одлука за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици во средните училишта. Стипенидии во износ износ од 3.500 денари месечно се предвидени за:
*талентирани ученици,
*спортисти,
*талентирани ученици од областите на природните и техничките науки,
*талентирани ученици од областа на уметностите,
*за ученици со посебни потреби,
*за социјална поддршка на ученици од средното образование,
*за ученици – деца без родители,
*за ученици кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичка струка,
*за наставни програми од електро-техничка струка, од градежно-геодетска струка, од земјоделско-ветеринарна струка,
*за наставни програми од машинска струка; од текстилно -кожарска струка,
*за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење;
*за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование, во коишто ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови, согласно програмите за стручно образование,
– за ученици Роми се предвидени стипендии од:
*2.200 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 4.50 до 5.00,
*1.500 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 3.50 до 4.49,
*1.200 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 3.00 до 3.49, и
*800 денари месечно за ученици кои имаат среден успех од 2.00 до 2.99.
Го разгледавме и усвоивме и Извештајoт од МВР за извршени преговори со усогласен текст на Договорот со ЕУ за оперативни активности спроведени од страна на ФРОНТЕКС,
Ја разгледавме Информацијата со споредбена анализа за потрошена електрична енергија од државните институции, соопшти Груби.