Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ги соопшти новите одлуки од денешната од 86-та седница на Владата.

Усвоена е Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2022 година.

Владата денеска го задолжи АД ЕСМ Македонија да обезбеди непречена топлинска енергија за грејната сезона во град Скопје, и тоа во општините Чаир, Аеродром, дел од општина Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода и Центар, како и обезбедување на топлинска енергија за надомест на загубите во системот за греење.

Исто така,  усвоиени се измените и дополнувањата на Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случај на хаварии и природни непогоди, регулирање на пазарот на електрична енергија и утврдување на начинот на производство на електрична енергија во кризна состојба.

Усвоена е и информацијата за раскинување на договорите за концесија на хидроелектрични централи во подрачјата под заштита во Националниот парк “Шар Планина“.

Дефинирани се насоки за координација и подготовка на скрининг процесот кој ќе започне на 7 ноември.

Усвоена е и одлуката за учество на припадници на Армијата во мисиите на НАТО во Ирак и Летонија.