Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби најави дека на 13 ти август, на годишнината од Охридскиот рамковен договор, ќе биде поставен камен-темелникот на новата фабрика, со современа технологија за производство на електрични автомобили во технолошко- индустриската развојна зона во Тетово.

Тој рече дека Владата на денешната седница ја одобрила и државната помош за реализација на оваа инвестиција.

„На годишнината на Охридскиот мировен договор, во сабота на 13 ти август, ќе го поставиме камен-темелникот на новата фабрика со современа технологија за производство на електрични возила во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово.
На денешната седница на Владата ја одобривме државната помош за реализација на оваа инвестиција во износ од 720 милиони евра со што ќе се отворат од 3000 до 4000 нови работни местан“, објави Груби на својот фејсбук профил.