Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби на својата официјална Фејсбук страница ја објави оставката од него и неговите колеги од Демократскиот унија за интеграција се со цел само Република Северна Македонија да се движи кон ЕУ, а македонската опозиција да гласа за уставните измени. Груби пишува дека оставката ќе стане валидна од моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени. I
Целосна објава:
Почитуван премиере Димитар Ковачвски,
Ценејќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, е во критична фаза од нашата европска иднина,
имајќи ја во предвид тежината на интеграцијата како политичка организација во последните 20 години,
ценејќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртвувања од секој од нас,
тргнувајќи од условот на опозицијата дека ќе гласаат за уставните измени доколку Демократската Унија за Интеграција излезе од Владата, легитимно избрани по волја на албанскиот гласач, свесни за надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство, имајќи во предвид дека Демократската Унија за Интеграција и јас остануваме посветени на определбата дека евроатлантските интеграции, со целосни права на државата, освен во НАТО, исто така и во Европската Унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, беа, се и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,
Јас, заедно со сите мои колеги во извршната власт од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме во Владата!
Оставките, г. Премиере, автоматски стапуваат во сила во моментот кога опозицијата ќе гласа за уставните измени.