По одлуката на Европската Унија да го вклучи Коридорот 8 во мапата и поддршката на европските коридори, и Албанија започнува со важната оска на Коридорот, патот Елбасан – Ќафасан.
„Клучните инфраструктурни проекти со Албанија ги вклучуваат заедничкиот граничен премин (започнува во јануари 2023 година), сувото пристаниште во Струга за новото албанско пристаниште во Драч (се потпишува во понеделник), енергетската врска (во фаза на изградба), поврзаност со автопат (започнува на пролет) и со железница.
За малку години следните растојанија ќе бидат сведени на: Скопје – Тирана 2,5 часа, Скопје – Драч помалку од 3 часа, Скопје – Валона 3 часа“, информираше Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.