Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби по денешната седница на Владата најави спроведување на постапка за јавна набавка за санирање на каналот за отпадни води во општина Арачиново.
„На денешната седница на Владата ја усвоивме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на ободниот канал во оваа општина.
Исклучително важна инвестиција во вредност од околу 66 милиони денари во служба на квалитетниот живот на жителите на Арачиново.
Истотака, денес ја усвоивме информацијата од страна на Министерството за земјоделство за надомест на штета на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година во вкупен износ од 10% од претрпената штета. За брзо време ќе започне и процесот на исплата на предвидените средства“, напиша Груби на социјалните мрежи.