Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби,  заедно со заменик министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко  денеска извршија надзор над работниот процес на патниот правец Струга – Ќафасан, дел од проектот Коридор 8 еден од  најкапиталните проекти на државава.
„ За реализација на овој исклучително значаен проект Владата обезбеди средства во износ од 7,9 милиони евра преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Работниот процес се одвива според предвидената динамика и се очекува да заврши во рок од 15 месеци, со што заедно со Коридорот 8 ќе се заокружи мрежата на современа патна инфраструктура која ќе овозможи поефикасно движење и остварување на економско – трговска соработка со земјите на регионот“, истакна Груби.