По повод одбележувањето на 24 мај, денот на македонските  просветители Св. Кирил и Методиј, празник во чест на основачите на првата словенска азбука –глаголицата, честитка упати вицепремиерот, Артан Груби кој истакна дека заедно треба да го продолжиме патот на напредокот, почитувајќи ги меѓусебните идентитетските вредности.

Целосен статус:

Секој народ ги водел своите битки за зачувување на својот мајчин јазик и го изградил патот на напредокот врз оние здрави основи на знаењето што ги поставиле нивните мисионери.

Им честитам денес на сите сограѓани од македонската заедница во нашата земја кои го одбележуваат споменот на браќата Кирил и Методиј – основоположниците на нивниот писмен јазик.

Инспирирани од сите мисионери на знаењето, заедно да го продолжиме патот на напредокот, почитувајќи ги меѓусебните идентитетски вредности!