Првиот потпретсетадетел на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби ја опиша Градската болница во Скопје како успешна приказна, која според Груби, професионално работи во служба на здравствените потреби на граѓаните шест последователни децении во земјава.
Груби во придружба на министри и колеги од Владата истакна дека оваа годишнина била свечено одбележана.
„Успешна приказна за која рефлектиравме на свечената академија по повод одбележувањето на овој јубилеј, каде заедно со колегите министри изразивме благодарност до генерациите кои низ годините работеа во оваа болница, упативме честитки до сегашното раководство, медицинскиот персонал и сите вработените посакувајќи им континуитет на успеси и ефикасна работа во служба на здравствената благосостојба на граѓаните“, истакна Груби.