Во пресрет на 112-годишнината од раѓањето и 25-годишнината од смртта на Гонџе Бојаџиу, „Мајка Тереза“, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Ансамблот за народни песни и ора на Албанците во РСМ, во соработка со продуцентот Сокол Гуга и  директорот Шкодран Толај во Македонската опера и балет (МОБ) се одржа величествен спектакл на културата и националната кауза на хуманоста „ Света Тереза, Албанката на целиот свет “.

Првиот потпретседател на Владата, воедно и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, истакна дека овој настан долго ќе се памети по умешноста и оригиналноста на уметничкото прикажување на нашето културно богатство.

Според Груби, Гонџе Бојаџиу го научи светот на поимот сочувство и чиста меѓучовечка љубов.

„Беше задоволство да се соработува со продуцентот Сокол Гуга, директорот Шкодран Толај и уметничката трупа на Ансамблот за народни песни и ора на Албанците во РСМ, ТВ Клан и сценографот Башким Захај и за првпат во Скопје да го донесеме големиот спектакл на културата и националната кауза на хуманоста “Света Тереза, Албанката на целиот свет“.
Настан кој долго ќе се памети по умешноста и оригиналноста на уметничкото прикажување на нашето културно богатство, но пред се за искажаната благодарност до бројните личности кои продолжуваат да го чуваат хуманиот дух на нацијата по примерот на големата албанка Гонџе Бојаџиу која го научи светот за значењето на чистата меѓучовечка љубов и сочувство.“, истакна Груби.