Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес на социјалните мрежи, ја извести јавноста за големиот интерес од меѓународните компании кои се со светско реноме за избор на консултант и супервизор на проектот за изградба на автопатиштата со конзорциумот Бехтел – Енка.

Исто така, на огласот објавен од Јавното претпријатие за државни патишта денес конкурирале тројца апликанти за финансиски консултант на Владата за реализација на проектот на Коридорот 8 и 10-Д, соопшти Груби.