Липково, 16 декември – Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со министрите Бујар Османи и Јетон Шаќири, денес беа пречекани од градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи и пратениците од оваа област Арбер Адеми и Берат Ајдари за да извршат непосреден надзор над реализацијата на значајните инфраструктурни проекти за жителите од овој крај, кои ја имаа поддршката од Владата.

Посетата на општина Липково ја започнаа во село Отља, каде одблиску извршија надзор над завршениот процес на асфалтирање на локалниот пат во должина од 2 километри, инвестиција која достигна вредност од 190.000 евра обезбедена од Бирото за неразвиените подрачја и општина Липково.