Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко денес присуствуваа на свечноста со апсолвентите и новите студенти на Меѓународниот универзитет во Струга.
Груби, на сите студенти им посака многу успех во нивниот стремеж за да ги достигнат пиадесталите на академските успеси.
„Им честитав и на апсолвентите на овој универзитет за завршувањето на циклусот додипломски и постдипломски студии, охрабрувајќи ги да го продолжат патот на знаењето и со тоа да станат фактор во највиталните процеси на развојот на државата.
На ректорот Сејфула Османи и академскиот тим на Меѓународниот универзитет во Струга им посакав прогресивен континуитет во нивната мисија за квалитетна реализација на студиските програми“, кажа Груби.