Во традиционалната, научна прослава „Мајка Тереза “, посветена на албанската нобеловка Гонџе Бојаџиу, „Мајка Тереза“, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, рече дека еден народ не се цени по бројот на големи личности што ги има туку се цени за начинот на кој ги третира и памти.
Оваа манифестација се одржа во органзиација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Северна Македонија. Груби понатаму додаде дека „Мајка Тереза“ ја паметат и честуваат на најубав можен начин, во нејзиното родно место во Скопје.
„Задоволството што заедно со Институтот за духовно и културно наследство на Aлбанците во Северна Македонија се погриживме за организацијата на второто издание на традиционалната културно-научна манифестација “Светлината на Гонџе“ на Плоштадот во Скопје, по повод 112 годишнината од раѓањето на нашата нобелистка Гонџе Бојаџиу – Мајка Тереза.Ние се сеќаваме на Гонџе и на најубав начин го чествуваме нејзиното дело во нејзиниот роден град, при што му честитав на Институтот предводен од Др. Скендер Асани за работата што ја прави, охрабрувајќи го со целосна поддршка на Владата да продолжи да го негува споменот на големата Гонџе Бојаџиу.“- напиша Груби.