Груби: Ќе имаме повеќе од 80 пратеници за уставните измени

Првиот вицепремиер Артан Груби во гостување во емисијата #ClickPlus на ТВ21 рече дека ќе имало повеќе од 80 пратеници за уставните измени.

„64 моменталното мнозинство, 10 други пратеници од АА и БЕСА, тоа се 74 пратеници. 2 пратеници од Левица нема да гласаат сигурно. Значи остануваат само пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не се сите од ВМРО, има и од другите помали партии. Верувам дека сите тие пратеници од коалицијата на ВМРО имаат европски убедувања“, вели Груби.

„Сега пред да пристигнам во студиото на ТВ21 имав состанок со релевантни претставници од меѓународната заедница. Има оптимизам. Јас сметам дека ќе имаме повеќе од 80 пратеници за гласање на уставните промени. И убеден сум дека тоа ќе биде. ВМРО-ДПМНЕ е членка на ЕПП, имаме инфомрации дека има сериозни разговори и од ЕПП за да помогнат во процесот“, додаде тој.

Груби рече дека сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања.

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!

„Еве една идеја за која разговараме. Во Уставот овие 20 години сме детектирале многу недостатоци, еве сега ексклузивно за вас велам, да сега е време да се отвори Уставот и да се решат сите отворени прашања“, изјави Груби за ТВ21.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...