Груби: Државата обезбеди 530 милиони долари од ММФ, со поволни услови

Првиот потпретседател на Владата воедно и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во ова кризно време објави една одлична вест за сите граѓани на државата.

Груби преку статус на социјалните мрежи објави дека нашата земја успеала да обезбеди 530 милиони долари од Меѓународниот монетарен фонд, средства кои ќе бидат достапни за одржување на економската стабилност во време на светската економска и енергетска криза, што меѓу другото, според Груби, придонесува во надминувањето на последниот предизвик за изградба на Коридорот 8 и 10 Д.

„Овој постигнат договор е објективна потврда за стабилните економски политики кои Владата ги спроведува.
Им се заблагодарувам на нашите стратешки партнери за поддршката и му честитам на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој заедно со неговиот тим направија одлична работа за постигнување на многу важен договор!“, истакна Груби.

ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...