Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, преку објава на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук го соопшти мислењето за одржувањето на првата тематска средба посветена на меѓународниот месец на ракот на дојката и вклучувањето на Владата во воспоставувањето на социјалната свест и унапредувањето на превенцијата од оваа болест.
Според Груби, Владата со најголема сериозност пристапува кон оваа кампања, дури и го задолжува Министерството за финансии да ги обезбеди потребните финансиски средства во Буџетот за 2023 година за спроведување на заклучоците кои предвидуваат задолжителни здравствени контроли во рамките на систематските контроли и реализација на мобилен мамографски скрининг. Во продолжение целосната објава на првиот вицепремиер Артан Груби:
Владата денес за прв пат со одржување на тематската седница се вклучи во кампањата за одбележување на меѓународниот месец на борба против ракот на дојка и подигнување на општествената свест за посериозна перцепција на оваа болест.
За оваа цел, денес ги усвоивме следните заклучоци:
воведување на задолжителни здравствени контроли во рамките на систематските прегледи за што задолжено е Министерството за труд и социјална политика да ги направи соодветните измени на Законот за безбедност и здравје при работа и
обезбедување на мобилен мамографски скрининг.
Го задолживме Министерството за финансии да обезбеди средства во Буџетот за 2023 година за унапредување на превентивните мерки по ова прашање во консултација со Министерството за здравство за конкретното распределување на средствата.
На седницата присуствува и претставници на Граѓанското здружение “ЕЗРА”.