Во организација на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предводено од Артан Груби, кој истовремено ја извршува и функцијата прв заменик претседател на Владата, во пресрет на 112-тa годишнината од нејзиното раѓање и 25-годишнината од нејзината смрт е организирана изложба на фотографии: „Во срцето го имам мојот албански народ“, посветена на Мајка Тереза.

May be art of 3 people

Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби рече дека Мајка Тереза е исклучителен пример за тивка и неискажана мисија.

„Ми претставува огромна чест што денеска ја отвораме изложбата на фотографии: „Во срцето го имам мојот албански народ“, посветена на големата Мајка Тереза по повод 112-годишнината од нејзиното раѓање и 25-годишнината од нејзината смрт, организирана во соработка со ИДКНА.
Мајка Тереза е извонреден пример на тивка и незаборавна мисија, незаборавен сведок на љубовта, кој конкретен израз најде во континуираното служење на најнапуштените луѓе во светот, без разлика на раса, религија, националност или социјална припадност“ , напиша Груби на социјалните мрежи.