Денеска околу 29.000 студенти на својата жиро сметка имаат добиено средства во износ од 6.480 денари од законската мерка за субвенциониран студентски оброк за половина од месец септември, за месеците октомври и ноември.
„Се грижиме за студентите и нивните потреби во време на глобална економска и енергетска криза, а сите студенти кои не го искористиле ова законско право, треба да поднесат приговор на е-маил адресата subvencioniran.obrok@mon.gov.mk“, информираше првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.