Владата на денешната седница донесе одлука за доделување на дополнителни средства во вредност од 15 милиони денари од Буџетот за 2022 година и за општина Студеничани за реализација на проектот на водоводната мрежа во долно Количани.
„Владата ја финансираше и првата фаза од овој проект со 10 милиони денари, а со дополнително одобрените средства ја покажуваме нашата посветеност за реализација на овој проект, кој е елементарна потреба на жителите од овој крај“, истакна првиот потпретседател на Владата и минисер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.