Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) планира да организира постојана мисија во нуклеарната централа Запорожје на украинскиот југ која е под контрола на руските сепаратисти и руската војска, објави агенцијата Reuters повикувајќи се на челникот на оваа агенција на Обединетите нации, Рафаел Гроси.
„Тоа е една од најважните работи коишто сакам да ги направам, и ќе го сторам тоа“, рекол шефот на IAEA.
Претходно во средата беше објавено дека меѓународната група стручњаци на IAEA од Киев се упатила кон нуклеарната централа Запорожје. Делегацијата се состои од „петнаесетина вработени во секретаријатот на IAEA вклучени во нуклеарната безбедност“, според објавата од агенцијата. Се додава дека до дестинацијата тие ќе бидат придружувани од тим претставници на Обединетите нации.
Во понеделникот локалните проруски власти во градот Енергодар, блузи нуклеарната централа Запорожје, објави дека во гранатирање од страна на украинските сили бил пробиен покривот на објектот во кој се складира нуклеарното гориво. Истовремено од ОН изјавија дека не знаат кој ја гранатира нуклеарката, а портпаролот на американски Пентагон не ја исклучи можноста дека гранатите дошле од украинските позиции но тоа го нарече „одговор на руските акции“.
Нуклеарната централа Запорожје е лоцирана на левиот брег на реката Дњепар, во близина на градот Енергодар. Станува збор за најголемата нуклеарка во Европа, и една од најголемите во светот, која од март е под контрола на руската војска а и натаму ја опслужува украински персонал.
Последните седмици Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на најголемата нуклеарна централа во Европа, што ги разгоре стравовите на континентот од можна нуклеарна катастрофа од големи размери. Малку е веројатно дека руската војска би ги гранатирала сопствените позиции. Во гранатирањето веќе е оштетена високонапонската врска на трафостаницата Каховскаја, по што мораше да се намали капацитетот на две енергетски единици.
Поради гранатирањата расте страв дека е можна нуклеарна катастрофа како онаа во украински Чернобил во 1986 година. Украинската државна енергетска компанија „Енергоатом“ соопшти во петокот дека руските сили наводно планираат да ги исклучат функционалните енергетски блокови во централната и да го исклучат од украинската електрична мрежа, што е опасен процес. Според нив, исклучувањето на сложените генератори од украинската мрежа би оневозможило да бидат користени за ладење на нуклеарното гориво во случај на прекин на струјата во нуклеарката,
Исклучување на нуклеарна централа е комплициран процес во кој треба да се запре нуклеарна верижна реакција и да се спречи нуклеарното гориво да се загрее и предизвика тлеење на јадрото на реакторот.