Грција испрати 40 оклопни возила во Украина, па во замена доби шест други од Германија

– Првата пратка од шест оклопни возила од типот Мардер 1A3, од Германија пристигнаа во Грција, како дел од договорот меѓу двете земји, 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1 да се испратат во Украина, а истите да бидат заменети со германски возила Мардер, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на армијата на Грција соопштија дека во следниот период, согласно соодветниот план, ќе пристигнат и останатите оклопни возила „со цел надградба на борбената способност на единиците на копнената армија, зголемување на нивната борбена моќ, како и зајакнување на интероперабилноста на моторизираните пешадиски единици“.

Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулис одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со оклопните возила, во петокот, објасни дека од Германија, ќе добијат и муниција, а целиот процес на пренесување за земјата нема да има никаков трошок, бидејќи е на товар на Германија.

Според Панајотопулос, првите 20 оклопни возила за Украина веќе ги презела украинската страна на грчка територија, а во текот на оваа седмица, со одговорност на трета страна, односно на Велика Британија, ќе бидат пренесени во Украина.

На крајот на мај годинава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, донесоа одлука, во Украина да бидат испратени оклопни борбени возила од типот ΒΜΡ-1 со потекло од источна Германија, што Грција ги добила во 1994 година, а во исто време да се заменат со оклопни возила од типот Мардер што Германија ќе ѝ ги отстапи на Грција.

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...