Меси и Пари Сент Жермен постигнаа договор за продолжување на соработката, пренесува „Паризиен“.

Договорот на Меси истекува на крајот на сезоната, а шпекулациите дека Аргентинецот може да се врати во Барселона го натераа клубот побрзо да реагира со нов договор.


Аргентина шампион! Чекам тролање! ↓↓↓


Еминентниот весник „Паризиен“ тврди дека Меси наскоро ќе стави потпис на договор до јуни 2024 година.

Со новиот договор Меси ќе заработува 30 милиони евра по сезона и опција да ја продолжи соработката на уште една сезона.