Авион на Дирекцијата за заштита и спасување во секој момент ќе полета кон т.н. Гоцева шума во непосредна близина на Неготино, каде во моментов има силен пожар. Од центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека контролата оди тешко поради силниот ветар.
Во гаснењето учествуваат пожарникари од Неготино и од Кавадарци, а треба да пристигне и авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Ако состојбата со пожарот се влоши, во состојба на подготвеност за полетување се два хеликоптери на МВР, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.