Google ги предупреди корисниците – од 1 декември се бришат милиони профили

Google испрати известување до своите корисници дека на 1 декември почнува бришењето на многу кориснички профили. Станува збор за неактивни профили, а се однесува на профилите кои не се користени во период од 2 години.

„Google го задржува правото на бришење на неактивните Google профили и на нивните активности и податоци ако сте биле неактивни најмалку две години. Ова правило не се однесува на ниеден профил на Google кој е креиран преку вашиот бизнис, училиште или друга организација“ се вели во соопштението.

Како Google ја дефинира активноста? Активност може да биде некоај од следните активности кога се пријавувате или додека сте пријавени на вашиот профил нма Google: читање или испраќање мејлови, користење на Google диск, гледање YouTube видеа, споделување фотографии, преземање апликации, Google пребарување итн.

Пред да бидат избришани профилите, Google ќе ви даде шанса да почнете да го користите профилот така што ќе ви испрати мејлови или известувања. Пред бришењето на профилот ќе стигне и финално предупредување.

 

ПОСЛЕДНИ

Тотенхем постави негативен рекорд во Премиер лигата

Тотенхем имаше одличен старт и беше на врвот на Премиерлигата, но потоа следуваше период на лоши резултати и постави негативен рекорд.Лондонската екипа во...

Неверојатно промашување на Кварацхелија🎥

Јувентус и Наполи играат возбудлив натпревар кој на полувремето заврши без голови, но со многу шанси.Најзрелата ја пропушти Квича Кварацхелија, кој имаше „пенал...

Белингам мора на операција!?

Џуд Белингам оваа сезона е убедливо најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, но тренерот Карло Анчелоти ги загрижи фановите.Англичанецот има проблем со рамото и...

Адеми му честиташе на Џафери: Али Ахмети ја руши секоја политичка бариера за Албанците 

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбер Адеми преку објава на социјалните мрежи му честиташе на Талат Џафери за кого беше одлучено на последниот...