Голем интерес за возилата Грин машинс на БРАКО на саемот во Ист гејт мол

Граѓани и фирми искажаа интерес за изложените возила Грин машинс на БРАКО, на саемот на електрични возила во трговскиот центар Ист гејт мол во Скопје. Посетителите се интересираа како функционира едно електрично возило, дали загадува, колку чини, за каква намена се возилата и кои задачи може да ги извршуваат.

Посебен интерес покажуваа млади лица и инженери, поради фактот што станува збор за целосно домашен високоразвиен производ кој е предизвик за секој инженер. Дел од граѓаните го споделија и своето изненадување што фирма од Македонија произведува електрични возила и ги продава на светскиот пазар.

На саемот „Денови на електромобили“ БРАКО се претстави со две возила Грин машинс, GM400ze и GM500ze . Моделот GM400ze е едно од најновите електрични возила на брендот Грин машинс, целосно проектирано, дизајнирано и произведено во погоните на БРАКО.

Овој модел има систем за рециркулација на воздухот, со што се зголемува капацитетот за филтрирање на прав и количината на честички што се емитуваат е намалена за три пати. GM500ze пак, е најпродаваниот модел и е совршен за одржување на хигиена на надворешни површини, пешачки зони, плочници и улици . За електричните модели Грин машинс постојано расте интересот и бројот на порачките од земјите од ЕУ и другите развиени земји.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...