Професорот од Факултетот за правни и политички науки и поранешен политичар, Гордан Георгиев на Школата за млади лидери ” Peace Forum Dialogue” одржа предавање на тема ” Лидерството во комплицирани политички времиња”.

Геогргиев зборуваше за кои се главните постулати на лидерството, како да следите и да станете лидер, како и за карактеристиките на добро и ефективно лидество.

Георгиев истана дека целиот Балкан е комплициран, зборуваше за војната во Украина како и за ситуцаијата со корона вирусот.

Светот е преполн со амбициозни политички лидери, но за жал малкумина од нив влегуваат во категоријата на добри лидери бидејќи им недостасуваат некои од најважните квалитети, како интегритетот. Но, искуството ни кажува дека има само неколку кои се приближуваат до показателите на успешен политички лидер.

21от век е век на ” криза за лидерство”.  Да се биде долговечен и добар лидер, лидерот мора да има механизам да ги слуша луѓето околу него, па дури и тоа што не сака да го слуша и да си замине во вистинско време!” – кажа Георгиев.

Не можеш да бидеш лидер, сам! – заклучи Георгиев.