Палестинското Министерство за здравство синоќа соопшти дека бројот на загинати во нападите што Израел ги изврши врз Појасот Газа од 5 август се зголеми на 41, јавува „Анадолија“.

Се додава дека меѓу жртвите има 15 деца и четири жени.

Беше наведено дека бројот на повредени е зголемен на 311, но не се дадени детални информации за тежината на повредите.