Цената на гасот во Европа денеска надмина 1.900 долари за 1.000 кубни метри за прв пат од 14 јули, во контекст на настаните со руските испораки преку гасоводот Северен тек 1, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во август е договорен во центарот ТТФ во Холандија по цена од 1.929 долари за илјада кубни метри или 182,5 евра за мегават-час (MWh), пренесува Блиц.рс.

Целокупното поскапување на бензинот во Европа малку порано достигна 12 отсто на дневна основа, поради најавата на Гаспром за исклучување на уште еден мотор со гасна турбина на компресорската станица во Портоваја.

Поради прекин на работата на уште една турбина, протокот на гас преку Северен тек 1 ќе се преполови од 27 јули на 33 милиони кубни метри дневно од сегашните 67 милиони кубни метри, додава руската агенција.