
Новиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие на интересен начин ја демантираше информацијата дека дефанзивецот Кимпембе може да го напушти клубот.




„Радио Монте Карло“ и „Екип“ пренесоа дека Кимпембе е несреќен и сака да го напушти ПСЖ, а силен интерес за него покажува Челзи.




„Прочитав се што излезе како гласини за Кимпембе. Дури и јас и тој се смеевме на сето ова заедно. Ми се допаѓа Преснел бидејќи е одличен централен дефанзивец. Сепак, не знам што ќе се случи“, изјави Галтие.




Францускиот интернационалец не учествуваше во вчерашната прва контролна средба.
Меѓутоа, Кимпембе е дел од тимот кој ќе патува на турнеја во Јапонија и новиот тренер смета на него.