
„На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица на интензивните врнежи во последните неколку дена, се случила појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот. Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до ХЕ Врбен“, одговорија за МКД.мк од ЕСМ.