Нова уметничка акција „Идентитетол Форте“ е поставена во Скопје

Според описот таа е креирана да го прикаже апсурдот во кој е заглавена Македонија.

-При секоја криза во Македонија елитите веднаш посегнуваат кон приказните за загрозеност на идентитетот, иако со поскапувањата на храната и енормните цени на енергенсите на сите ни е загрозена голата егзистенција, на народот му се пласираат тези за загрозеност на идентитетот.

Токму затоа денеска го прмовираме Идентитетол форте- лек за јакнење на идентитетот. Филм обложените таблети идентитетол за заштита на идентитетот помагаат при следниве симптоми:

– Чувство на губење на идентитетот
– Мачнина во стомакот при зголемено гледање вести
– Надуеност поради презаситеност од социјални мрежи
– Намалена куповна моќ, поскапена струја, дрва за греење, пелети, бензин и конци и јадици за по риба.
-Расправии со комшиите, роднините и пријателитe нa свадби, слави и други собири.

Упатство за употреба:

Идентитетол се зема 2-3 пати на ден, обавезно навечер пред кооперација, пред зграда, во маало или во кладинлница. Ако се конзумира пред зграда или пред коооперација исклучиво да се пие со пиво никако со јогурт. Доколку пиете Идентитетол наутро на работа, обавезно консумирајте го заедно со утринското кафе и со колегите за да се постигне поголем ефект.

Можни несакани дејствија на лекот на 1 од 10.000 случаи се:

Промена на политичка партија, гнев и викање по протести, менување профилни слики на социјални мрежи, расправии по социјални мрежи, чуство на итност.

Лекот се издава без рецепт, за индикациите, несаканите дејства и контраиндикациите консултирајте се со комшиите или со експертите на социјалните мрежи, стои во описот на акцијата.