Принцезата Кејт Мидлтон сите ги засени на синоќешниот банкет и свечена вечера во Бекингамската палата на која кралот Чарс Трети го угости јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафос.
Ова беше прв државен банкет за кралот Чарлс откако стапи на тронот. На вечерата со јужноафриканскиот претседател присуствуваа сите важни членови на кралското семејство.
Според оценката на британските медиуми, принцезата Кејт во своето блескаво издание сите ги засенила. Новата принцеза од Велс на приемот се појавила во долг бел фустан, а на главата ја носела препознатливата тијара.
Тијарата наречена Lover’s Knot, подарок од кралицата Елизабета, е една од омилените на принцезата Кејт. Оваа тијара ја обожуваше и нејзината покојна свекрва, принцезата Диана.