Пејачката Рита Ора ја посети Албанија, а на социјалните мрежи се пофали со признанието кое и го додели претседателот Бајрам Бегај.
„Ова е нешто што им се доделува на Албанците и на странските државјани за нивните вредни дела и активности во науката, уметноста и културата. Ви благодарам многу од се срце“, објасни таа.
Рита Ора за оваа пригода носеше бел комплет палто и здолниште и сребрени потпетици.
Во склоп од своето патување во Албанија, Рита Ора го посети уметничкото училиште во Тирана, Jordan Misja Artistic Lyceum, ручала со градоначалникот Ерион Велиај во градското собрание на Тирана и свратила во непрофитната хуманитарна организација House of Colors како амбасадорка на УНИЦЕФ.
Инаку, пејачката која сега живее во Лондон е родена во Приштина како Рита Сахатчиу, а вистинското презиме го сменила бидејќи било тешко да се изговара, објавија претходно странските медиуми. Рита е горда на своето потекло и често го истакнува тоа, иако во Приштина живеела само првата година од животот. Во 1991 година, нејзините родители избегаа од Косово во Велика Британија.