Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓


ЛУКА МОДРИЌ ги одигра последните 30 минути за Реал Мадрид, кој загуби од Барселона со 0:3 на подготвителниот Ел Класико во Далас.

Капитенот на хрватската репрезентација по натпреварот се фотографираше со навивачите, а Крис Мартиновиќ ја објави приказната на Твитер.

“Вау. Неверојатно искуство за мене и мојот син Најк. Ниту еден играч, буквално ниту еден не застана за навивачите. Но ни пријде легендарниот Лука Модриќ да се фотографира, кратко да поразговара и да даде автограм”, се вели во објавата на Мартиновиќ.

Со оглед на презимето, јасно е дека Мартиновиќ доаѓа од Хрватска, а на Твитер меѓу другото се претставува и како „љубител на хрватскиот спорт“.