Меган Маркл и принцот Хари во трејлерот на нивниот документарец искористија фотографија која нема никаква врска со нив, пренесува Дејли меил.

Една од фотографиите што ја користеа војводите од Сасекс за нивниот трејлер за документарецот кој ќе се емитува на Нетфликс е направена долго пред да се сретнат.

Станува збор за фотографијата на која се гледа како папараците наводно ги бркаат Меган и Хари. Во моментот кога оваа фотографија се појавува во видеото, Хари вели:

„Морав да направам се што е во моја моќ за да го заштитам моето семејство“.

Сепак, новинарите дознаа дека оваа снимка е направена на премиерата на Хари Потер и Реликвиите на смртта: Дел 2. И фотографите воопшто не ги „ловеле“ Меган и Хари, туку главните ѕвезди на магичната сага – ЈК Роулинг, Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт. Премиерата се одржа во Лондон во јули 2011 година – односно 5 години пред да се сретнат Меган Маркл и принцот Хари.

Кралскиот експерт Ингрид Севард изрази мислење дека таквата измама на публиката може негативно да влијае на угледот на Меган и Хари и да фрли сомнеж врз нивните „признанија“.