Светскиот топмодел Адријана Лима на почетокот на овој месец на Инстаграм објави дека родила син на кој му го дала името Сајан, а сега заедно со трогателни зборови ја објави и првата фотографија со него.

Славната Бразилка и нејзиниот партнер, филмскиот продуцент Андре Лемерс, синот Сајан го добија на 29 август.

Во оваа чест Лима на својот инстаграм-профил објавила фотографија од окото на бебето за да ја пренесе сета симболика на името што му го дале. А, синоќа на оваа социјална мрежа, но и на Фејсбук објави заедничка фотографија со детето со порака: „Го допре моето срце. Те сака мама, Сајан“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Прекрасна фотографија и нежни зборови полни со емоции се една од најубавите глетки објавени на социјалните профили на Адријана Лима, заедно со фотографии од неа и нејзините ќерки Сиена и Валентина, кои ги доби со поранешниот сопруг, српскиот кошаркат Марко Јариќ.

Што се однесува до симболиката на името на бебето, таа е следна:

„Сајан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Сајан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, место на нашата семејна листа. Сајан сега е нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Сајан Лима Лемерс“, напиша Лима на Инстаграм претходно овој месец, заедно со првата фотографија од нејзиниот син со презимето на двајцата родители.

Во февруари оваа година, убавата Адриана на ТикТок објави дека го чека своето трето дете, а потоа набрзо го откри и полот на детето.