Според „Форбс“ Лионел Меси паднал на втората позиција по заработката помеѓу фудбалерите.

Тој беше престигнат од Килијан Мбапе, кој оваа сезона е најплатениот фудбалер во светот. Меси оваа сезона ќе има 120 милиони долари, а за прв пат по осум години ниту Меси ниту Роналдо не се на врвот на листата.

Одамна е јасно дека нивната ера полека поминува, ова е само уште еден доказ за тоа.

Инаку, Роналдо е трет на листата со 100 милиони, а Мбапе е прв со 128 милиони долари.

НАЈПЛАТЕНИТЕ ФУДБАЛЕРИ ВО СВЕТОТ:

Килијан Мбапе 128.000.000

Лионел Меси 120.000.000

Кристијано Роналдо 100.000.000

Нејмар 87.000.000

Мохамед Салах 53.000.000

Ерлинг Халанд 39.000.000

Коментари