Фон дер Лајен сепак нема да ја посети Подгорица – авионот не можел да полета поради магла

Одложена е ПОСЕТАТА на претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен на Црна Гора бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла.

Фон дер Лајен престојуваше во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја низ Западен Балкан.

Во Црна Гора таа требаше да се сретне со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.

„Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Црна Гора за жал ќе мора да се одложи за друг датум бидејќи поради временските услови авионот на делегацијата не може да полета од аеродромот во Белград. Посетата ќе биде организирана на нов датум кој ќе биде меѓусебно договорен“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Подгорица.

Црна Гора ќе добие финансиска поддршка од Европската унија за надминување на очекуваната енергетска криза, а тоа беше главната причина за посетата на Фон дер Лајен.

ПОСЛЕДНИ

Дресовите на Белингам се продаваат „како алва“, Реал трие раце

Шпанскиот гигант Реал Мадрид минатото лето го купи Џуд Белингам за 100 милиони евра, а Англичанецот е вистински хит од почетокот на сезоната.Англискиот репрезентативец...

„Тајм“ го избра Меси за спортист на годината

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси е прогласен за спортист на годината во изборот на американскиот магазин „Тајм“.Лео Меси постигна 10 гола на седум...

Приведено уште едно лице бидејќи помагал на Палчо да транзитира низ Бугарија

Обвинителството потврдува дека вечерва е приведено уште едно лице лице бидејќи помагал на Палчо по извршеното убиство на 14 годишната Вања. „Обвинителството поднесе предлог за...

Пикси до Видиќ: И да сум заработил 16 милиони евра, па што?!

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси даде интервју за српски „Журнал“ во кое зборуваше за Немања Видиќ.Видиќ минатата недела кажа дека Пикси...