Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска истакна дека ЕУ останува посветена на проширувањето, со порака дека патот кон ЕУ е пат кон силна демократија и дека Западен Балкан, Украина и Молдавија се иднината на Унијата.

Фон дер Лајен во своето обраќање пред Европскиот парламент рече дека ЕУ, кога е во прашање надворешнополитичката агенда, мора да инвестира во демократијата.

„Сакам да им порачам на граѓаните на Западен Балкан, Украина и Молдавија дека тие се дел од нашето семејство, иднината на нашата Унија. Без нив нашата ЕУ не би била целосна“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,пренесе Танјуг.