Фон дер Лајен денеска во Тирана, ќе се сретне со премиерот Рама

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе ја посети Тирана во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан.

Според официјалната агенда објавена од прес-службата на кабинетот на премиерот, во 14:30 часот ќе се одржи церемонијата на пречек на меѓународниот аеродром „Мајка Тереза”. Потоа во 15:45 часот во кабинетот на премиерот ќе се одржи билатерална средба на двете делегации.
Заедничката прес-конференција на Лајен и Рама е планирана за 16:30 часот.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вчера ја започна својата балканска турнеја со посета на Скопје. Денеска, пред  Тирана ќе ја посети Приштина, утре ќе престојува во Белград и Сараево а последна дестинација е Подгорица, каде ќе престојува на 29 месецов.
ПОСЛЕДНИ

Лаутаро наскоро става потпис на нов договор

Лаутаро Мартинез игра фантастична сезона во дресот на Интер, па „нероаѕурите“ му спремија нов договор.Извршниот директор, Бепе Марота потврди дека клубот веќе започнал...

Де Лаурентис: Не може да се освои Скудето без измами

Наполи минатата сезона после повеќе од 30 години постигна историски успех и го освои Скудетото.Наполи и оваа сезона влезе како еден од главните...

Ема Стоун блесна во фустан кој остава малку на имагинацијата

126 На премиерата на црната комедија „Poor Things“, 35-годишната актерка Ема Стоун се појави во шик жолт фустан од Луј Витон. За овој луксузен француски бренд,...

12-годишно девојче прегазено на булевар „Србија“, надвор од животна опасност

Малолетно девојче е прегазено вечерва на булеварот Србија кај бензинската пумпа „Лукоил“. Според информациите станува збор за девојче на возраст од околу 12 години, а...