„Европскиот фронт“ кампањата ќе ја започне во градот Гостивар. За ова информираше огранокот на ДУИ во Гостивар. Вицепремиерот Артан Груби преку статус на „Фејсбук“ ги повика граѓаните да учествуваат како што најави на посебен спектакл. Тој потсети дека тие што сега нема да учествуваат на состаноците на ДУИ и на „Европскиот фронт“, ќе жалат подоцна поради тоа. Целосна објава: Фронтот во Гостивар, пријатели, не пропуштајте, тоа е несекојдневен спектакл, знаете, за нашите собири се зборува, коментира и се кае ако не се дојде. Потсетуваме, митингот ќе се одржи во спортската сала „Ринија“ во Гостивар, со почеток во 21:00 часот.