Лесно освојте 500 евра! Treasure hunt влезе во последната жешка фаза ↓↓


Фабрицио Романо е еден од најпознатите спортски новинари во светот, експерт за сите фудбалски трансфери во светот.

30-годишниот Романо е специјализиран за трансфери и веќе има цел тим кој работи за него, а дава информации преку социјалните мрежи.

Таму има милиони следбеници, а само на Твитер има 17 милиони следбеници каде постојано ги споделува трансфер информациите.

Според британските медиуми, Романо само од објави на Твитер месечно заработува околу 80.000 евра. 

Тој еден од најверодостојните извори во однос на трансферите, а соработува и со еминентни медиуми како „Скај Спорт“ и „Си-Би-Ес“.